Палестинците во Газа се соочија со апокалиптичните слики на уништување по прекинот на огнот по повеќе од 15 месеци борби меѓу Израел и Хамас. Некои жители на јужниот град Рафах ги пронајдоа своите домови и деловни објекти срамнети со земја по нивното враќање назад.
Критичарите велат дека Израел водел кампања на горење на земјата за да ја уништи структурата на животот во Газа, обвинувања кои се разгледуваат пред два глобални судови, вклучувајќи ги тука и обвинувањата за геноцид.
Израел ги негира ваквите обвиненија и вели дека израелската војска води сложена битка во густи урбани области и дека се обидува да избегне да предизвика непотребна штета на цивилите и нивната инфраструктура.