Европската Унија мора да го послуша барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и да почне да троши повеќе за одбраната пораша шефицата на европската дипломатија, Каја Калас упатувајќи притоа остро предупредување за заканите од Русија.
Калас ги повика земјите членки на ЕУ да вложат повеќе во своите одбранбени капацитети и да ја зајакнат својата воена подготвеност, со цел да не зависат од САД за гарантирање на нивната безбедност.
Европската унија, како што истакна, мора да покажува поголема стратегиска автономија и да се подготви за потенцијални безбедносни кризи.
„Претседателот Трамп е во право кога вели дека не трошиме доволно. Време е да инвестираме“, рече Калас. Сепак според неа, САД мора да останат „најсилниот сојузник на Европа“.