На Европа и треба сопствен систем за противракетна одбрана како израелската Железна купола „кој може да се справи со секаков вид закана“, изјави попладнево украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој пристигна на Светскиот економски форум во Давос.
Зеленски повика на поголеми трошоци за одбрана од европските нации и потенцираше дека по инаугурација на Трамп сега сите ги чекаат неговите следни чекори и како планира да стави крај на војните.
- Пред 20 часа, инаугурацијата на претседателот Трамп се одржа во Вашингтон и сега сите чекаат да видат што ќе направи следно. Неговите први извршни наредби веќе покажаа јасни приоритети. Мнозинството во светот сега размислува што ќе се случи со нивните односи со Америка? Како претседателот Трамп планира да стави крај на војните, изјави Зеленски во Давос.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.