Вести Свет

Шеесет и шест луѓе загинаа, над 50 се повредени – стравичен пожар проголта цел хотел во ски-центар во Турција

Шеесет и шест луѓе загинаа, а 51 лице е повредено од кои најмалку едно е во тешка состојба, во стравичен пожар во хотел во ски-центар во Турција. Полицијата потврди дека пожарот избувнал три часа по полноќ на четвртиот кат од хотелот Гранд Картал во Карталкаја, во провинцијата Болу, во северозападна Турција. Во моментот на несреќата во хотелот престојувале 234 гости, речиси колку и максималниот капацитет на објектот, со оглед дека во тек е и зимски распуст

Дел од повредените, во обид да се спасат, скокале од тераси и прозорци на собите, некои, пак, се обидувале да се спуштат на безбедно со чаршафи. Преживеаните гости истакнаа дека целосно недостасувале безбедносни мерки, нефункционални аларми за опасност и недостаток на протипожарни скалила за евакуација. Од видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се види дека над хотелот се уште се надвиснува чад.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази жалење за трагичниот настан и најави обемна истрага за причините за пожарот, но и одговорност ако биде утврдена.

И додека надлежните водат истрага за несреќата, во турските медиуми веќе се појавија информации за причините за брзото ширење на пожарот. Ја лоцираа во дрвените облоги со кои се обложени ѕидовите, како дел од подобрување на естетскиот, планински, изглед на хотелот. Владата на Турција забрани емитување сите видео снимки од несреќата во домашните медиуми, со одлука од специјалното владинино тело за цензура, а со одлука на суд.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе