Согласно договорот за прекин на огнот, во сабота треба да бидат ослободени уште четири жени заложнички. Информацијата ја потврдија и од Хамас, чиј претставник изјави дека размената ќе продолжи во саботата како што е и планирано. Од друга страна, Израел исто така, ќе ослободи палестински затвореници.
Со договорот за примирје и прекин на огнот, пред три дена престанаа борбите меѓу израелските безбедносни сили и Хамас. Жителите на Газа почнаа да се враќаат во своите домови и најголем дел од нив беа преечекани од урантини и пеплосани куќи. Една од фазите на договорот е размена на заложници за заробеници.
Хамас ќе ослободи 33-ца заложници, од кои три жени се веќе на слобода и во Израел.
Тел Авив се обврза дека од затворите ќе пушти 1.900 Палестинци, а во неделата беа ослободени 90 затвореници на најразлични возрасти.