Вести Македонија Најважни

Mакедонците го дишат најсмртоносниот воздух во Европа- покажува извештајот на „Еуроњуз“

Македонија, Србија и Полска имаат најсмртоносно загадување на воздухот,покажува најновиот извештај на Еуроњуз. Во 2021-та година земјава имала најлош резултат во Европа со 255 предвремени смртни случаи на секои 100 илјади луѓе, поради изложеност на ситни честички како прашина, чад и издувни гасови, но и азот диоксид од согорувањето на горивата и озонот. Ако се земе в предвид дека државата има околу 1,8 милиони жители излегува дека таа година вкупно животот го загубиле околу 4600 луѓе.

Веднаш по нас се Србија со 210 и Црна Гора со 174 смртни случаи. Штетните честички придонеле за околу 239 илјади смртни случаи во Европа.

Од земјите од Европската Унија,Бугарија имала најлоша статистика со 158 смртни случаи, а потоа следат Полска и Унгарија, пишува Еуроњуз. Загадувањето е поврзано со мноштво здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви и респираторни заболувања, мозочен удар, дијабетес, рак на белите дробови и абнормални породувања, а особено е опасно за постарите лица, велат лекарите.

Според платформата АЈКЈУЕР воздухот во Македонија и денеска е нездрав, а главниот град со Софија и Сараево се на врвот на листата по загаденост во Европа. Лекарите апелираат да не се излегува кога е високо нивото на загадување или да се носат маски, екологистите протестираат и бараат итни мерки, партиите со политички препукувања. Опозициската СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги намалиле парите во градскиот буџет за заштита на животната средина, владејачката партија,пак, им возврати дека нивната советничка група нема изгласано никакво намалување на средства во борбата против загадувањето.

И последниот извештај на Европската комисија и Организацијата за економска соработка и развој, покажа дека Македонија е меѓу земјите кои се најпогодени од аерозагадувањето и има најмногу смртни случаи.

Скопје подолг период беше на врвот на листата по аерозагаденост, а болниците преполни со пациенти кои како последица на загадувањето во овој период имаат здравствени проблеми.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Со 2 милијарди евра заем за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64, 7 отсто

Дејан Дејан

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе