Доколку се најдете на аеродромот во Пекинг и потребно е да чекате повеќе од 8 часа за друг лет, времето можете да го искористите запознавајки ги убавините на Пекинг и тоа со локален туристички водич бесплатно.
Тоа од 27 декември го овозможува кинеската туристичка агенција Trip.com.group .
Бесплатната понуда вклучува повеќе јазични водичи, бесплатен интернет и билети за повеќе атракции, а оваа понуда до сега ја искористиле повеќе од 600 патници.
Целта на оваа идеја е да се запознаат странските лица со Пекинг и кинеската култура.
Една туристка од Чешка задоволно вели дека желбата да го посети кинескиот ѕид уште како дете и се остварила.
Од 30 Ноември минатата година до крајот на оваа година Кина ги укина визите за повеќе држави вклучувајки ја и Македонија , а ексурзиите до таму чинат околу 2000 евра.
Мартин Трајчевски