Загинаа 66 луѓе, а се претпоставува дека над 80 се повредени во страотниот пожар во хотел во ски-центар во Турција. Полицијата засега потврди дека пожарот избувнал три часа по полноќ на четвртиот кат од хотелот во Картал-каја, во северозападна Турција.
Во хотелот во моментот на несреќата престојувале 234 гости. Дел од повредените во обид да се спасат скокнале од терасите на собите, а некои се обидувале да се спуштат со чаршафи. Од видеата и фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се види дека во хотелот се уште горат покривот и горниот кат.
Владата на Турција засега ги забрани за емитување сите видео снимки поврзани со несреќата во медиумите во Турција, со одлука од специјалното владинино тело за цензура, а со одлука на суд.