Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во полициска акција по Наредба на Обвинителството за организиран криминал лишен од слобода е Раде Трајковски – Штекли. Тој се сомничи за трговија со дрога, а МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата група која тој ја предводел. Како што објавуваат некои медиуми, тој е уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.
На средината на ноември имаше експлозија во неговиот двор во Керамидница. Трајковски мина со лесни повреди и изгореници по телото. Тоа беше трет неуспешен напад врз него. Претходните два се случија во трговскиот центар „Ист Гејт“, еднаш во гаражата од возило во движење, вторпат на ескалатор, кога тој мина со полесни повреди. Истрагата претпоставува дека станува збор за напади кои се дел од престрелките на скопските криминални групи.
Во судското досие има две пресуди, едната шестмесечна затворска казна за тешки телесни повреди и насилство поради која беше испорачан лани во февруари. Втората пресуда за исто дело насилство извршено пред десетина години му била двегодишна затворска казна.
Штекли бил осуден додека бил во бегство, а лани откако во март ја доиздржал полугодишната затворска казна тој барал повторување на судската постапка и во април 2023-та добил условна казна.
КОД реконструкција на нападот врз Штекли, егзекуторот стигнал со такси, а исчезнал со црно ауди