Искористете го моментот на наколонетост на ЕУ кон проширувањето. Ова е пораката која денеска евроамбасадорот, Михалис Рокас, им ја испрати на пратениците и членовите на Националниот совет за евроинтеграции и собраниската Комисија за европски прашања, пред кои го презентираше Извештајот за напредокот на земјата кон Унијата за 2024 година.
Рокас во тој контекст побара од пратениците да ја забрзаат својата работата во делот на реформите поврзани со евроинтеграциите, вклучително и уставните измени. Од политичките партии пак побара да ја јакнат улогата на Собранието како форум за дијалог.
Одговор за моментумот за ЕУ стигна од претседателот на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, од редовите на валдеачката ВМРО-ДПМНЕ.
Не изостана коментар и за уставните измени, за кои Милошоски рече дека тоа е предзивик со кој земјата треба да се соочи, но оти уставот не сме да се менува со затворени очи.
Моника Зајкова од Либерално демократската унија пред Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања пак се согласи со евроамбасадорот Рокас дека моментумот за ЕУ треба да се искористи и упати барање до двете најголеми партии од македонскиот политички блок.
Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 беше објавен на 30 октомври во кој освне повторување на обврската на земјава за спроведување на уставните измени беше констатирано дека земјава не направила напредок во борбата против корупцијата и дека има ограничен напредок во јакнење на независноста на судството, јакнење на легислативата за заштита на основните права и реформа на јавната администрација.
Тамара Грнчароска