Вести Свет

Жељазков го доби мандатот за состав на нова бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев му го врачи мандатот за состав на влада на Росен Жељазков, кандидат за премиер на ГЕРБ-СДС. Освен ГЕРБ во владaта ќе учествуваат Бугарската социјалистичка партија – Обединета левица и Има таков народ.

Жељазков најави дека во рок од еден месец коалицијата ќе ја претстави владината програма. Изрази надеж дека владата ќе биде одобрена од парламентот.

Според листата на министри што е објавена, за министер за надворешни работи е предложен Георг Георгиев од ГЕРБ-СДС. 34-годишниот Геогиев бил заменик министер за надворешни работи од ноември 2014 до јануари 2017, кога министер за надворешни беше Даниел Митов. Георгиев е магистер по политички консалтинг. Во неколкуи наврати беше и пратеник во Собранието.

По добивањето на мандатот, Жељазков рече дека консултациите со идните владини партнери биле засновани на цели, приоритети и принципи, нагласувајќи ги идеолошките разлики меѓу нив.

Ги направивме потребните компромиси, рече Жељазков, и посочи дека тоа е повредно од правењето политички договор.

Радев го врачи мандатот речиси еден месец по консултациите со парламентарните партии. До доцна синоќа не беше јасно дали влада на ГЕРБ-СДС, БСП – Обединета левица и Има таков народ ќе ја добие поддршката од „Демократија, права и слободи“, а без неа ја нема потребната поддршка во парламентот. Ова беше договорено вчера на завршната средба меѓу преговарачките тимови на трите партии.

На изборите што се одржаа лани во октомври, ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои најмногу гласови, но не доволно за сама да формира влада. Тоа беа седми по ред парламентарни избори во Бугарија за три години. Македонската влада чека да се формира стабилна влада во Бугарија за да бара решение за блокада на македеонските евроинѕтеграции.

Марија Дивитарова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Промовиран романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Дејан Дејан

Тренчевска: Kапиталните инвестиции во 2024 изнесуваа 16 посто, а денес 10 посто

Дејан Дејан

Три ипол години казна затвор за Стевчо Јакимовски пресуди Кривичен, за изградбата на административната зграда на општината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе