Вести Економија Македонија Најважни

„Новогодишната кошничка“ завршува, следува ли поскапување на цените?

Денес завршува „новогодишната кошничка“ – акција креирана со договор меѓу Владата трговците, дистрибутерите и производителите во која над илјада производи се продаваа за 10 отсто поевтино.  Од утре трговците повторно ќе можат според своите проценки и желби за профит да ги креираат цените на основните продукти без кои граѓаните не можат и се неопходни за нормален живот.

Додека се прават пресметките за тоа колку потрошувачите заштедиле министерството за економија и труд ја прогласи акцијата успешна бидејќи статистика пресмета 0,3 проценти намалување на трошоците за живот. Од министерството се на став дека акцијата спречила раст на цените и ја одржала инфлацијата стабилна и им се заблагодарија на трговците.

Податоците на статистика покажуваат дека во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година намалувањето на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалаци изнесува -0,3%. Ова покажува дека Новогодишната кошница каде што беа вклучени во најголем дел прехранбени и безалкохолни пијалаци го дала својот ефект и цените на храната и пијалаците во декември 2024 година бележат намалување во однос на ноември 2024 година. Се очекува и во статистичките податоци за месец јануари во однос на декември 2024 година,  да се потврдат ефектите од новогодишната кошница, односно да се  оствари дополнително намалување на трошоците за живот кај храна и безалкохолни пијалаци, велат од министерството за труд и социјална политика.

Граѓаните сметаат дека резултатите требало да бидат подобри.

Од Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) сметаат дека овие акции и мерки имаат некаков ефект но во иднина мора да се има пристап врз основа на покажаните резултати.

Со оглед на фактот што станува збор за акција а не владина мерка со одлука трговците беа амнестирани од одговорност и тоа вешто го искористија зголемувајќи ги цените на огромен дел од производите кои не беа опфатени со кошничката.  Реагираа граѓаните, реагираше и премиерот Мицкоски, Пазарната инспекција излезе на терен па трговците мораа да ги коригираат цените.

Новогодишната кошничка содржеше 1.178 производи од 96 производители и дистрибутери кои можеа да се купат во 762 продажни места и се вклучија 51 маркет.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе