Вести Македонија

Гаши се иззема од случајот Даути

Претседателот на Собранието повторно се иззема од случајот со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути. Вели дека, разрешувањата или оставките не се во негов домен, а неговата улога завршила со завршувањето на седницата. Стои на ставот дека, интерпелацијата е спроведена во целосна согласност со Деловникот, законите и Уставот и по својата природа, не носи правни последици или ефекти.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Даути нема морален кредибилитет да ја води комисијата и очекуваат Европскиот фронт, на кои им припаѓа ова место, да предложат друг пратеник за позицијата.

Даути, пак, вчера соопшти дека сама нема да си поднесе оставка, но и не сака да остане на чело на комисијата и да работи под нечиј диктат. Ќе продолжи да ја води Комисијата само доколку Гаши свика пленарна седница на која ќе биде укинат заклучокот кој беше усвоен на гласањето во петокот.

Од Европскиот фронт најавија средба во коалицијата по која ќе одлучат дали ќе предложат друг кандидат на чело на Комисијата.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе