Вести Најважни Свет

Противпожарните служби со хеликоптери се борат со пожарите во Лос Анџелес

Масивни шумски пожари со разорна сила поткрепни од силни ветришта пеплосуваат делови од Лос Анџелес.

Критична е состојбата во Итон во близина на Пасадена, кој започна во вторникот вечерта.

Според информациите од теренот до сега изгореле повеќе од 5.000 објекти, домови, станбени згради, бизниси, помошни градби и возила.

На запад во Пацифик Палисадес, во најголемиот од пожарите што горат во областа на Лос Анџелес уништени се над 5.300 објекти.

Во пожарите што го зафатија Малибу, уништени се најмалку пет цркви, синагога, седум училишта, две библиотеки, бутици, барови, ресторани, банки, локални знаменитости.

Владата сè уште не објави бројки за штетите. Сепак до сега економската загуба се пресметува на околу 135-150 милијарди долари.

Пожарникарите доцна синоќа успеаа да го забават ширењето на големите пожари, но тие се уште се надвор од контрола.

Градоначалникот на Лос Анџелес објави дека се појавил нов пожар во близина на населбата Вест Хилс

Нов пожар избил во населбата Вест Хилс во долината Сан Фернандо. Поради брзото ширење на огнот во областа, во која има голем број куќи, е издадена наредба за задолжителна евакуација.

Властите очекуваат дека материјалните штети може ќе бидат многу високи но тие ќе се утврдуваат со дополнителното мапирање. Началникот на пожарникарите во областа, соопшти дека потврдени се уште две жртви.

Бајден: Пожарите во Калифорнија се „најлошите што некогаш го погодиле Лос Анџелес“

Претседателот Џо Бајден за време на брифингот во Белата куќа рече дека ги става на располагање федералните ресурси и одобрил дополнителни средства за да и помогне на Калифорнија да се справи со разорните пожари, карактеризирајќи ги како „најлошите пожари што некогаш го погодиле Лос Анџелес”.

Новото финансирање ќе покрие 100% од трошоците за 180 дена за отстранување на опасните материјали, привремени засолништа, прва помош и мерки за заштита на животот.

Пред новинарите се обрати и потпретседателката Камала Харис која како што посочи е директно погодена.

Харис е поранешен сенатор од Калифорнија, а нејзиниот дом е во зоната за евакуација.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе