Вести Најважни Свет

Најмалку пет загинати, милиони без струја, изгорени над 1.000 објекти – Лос Анџелес како сцена од „Армагедон“

Најмалку пет загинати, десетина повредени, милиони без струја, околу 1.000 изгорени објекти. Лос Анџелес наликува како на голема сцена на снимање на хорор филм. Пожарот кој почна во шума и набрзо се прошири во урбаните делови, остави вистински пустош зад себе, а од ноќеска гори и во Холивуд Хилс кој доби симболично име – Сансет. Уништени се имоти и на познати американски личности од филмска и музичката сцена, а околу 130.000 лица добија налози за евакуација. Локалните власти отворија неколку шелтер центри за луѓе и животни кои бегаат од огнената стихија која е надвор од контрола.

Првиот човек на противпожарната служба во Лос Анџелес истакна дека се уништени над 800 хектари површина. Но, и дека пожарот продолжува да се шири со, како што рече, „нулто задржување“. Тој признава дека неговите колеги тешко се справуваат со ситуацијата поради на проблематичниот пристап на делови од теренот, но и екстремната брзина со која се шират пламените јазли. Емотивмно обраќање имаше и познатата актерка Џејми Ли Кертис чија населба е уништена.

Градоначалничката на Лоса Анџелес, Карен Бас се брани од критики, со службенои отсуство во моментот на избивање на пожарите. Освен за задоцнетата реакција, таа е на удар на јавноста и поради наводите дека летоска го намалила буџетот на противпожарната служба за повеќе од 17 милиони долари.

Гувернерот на Калифорнија, Кевин Њусом побара помош од федералните власти. Од Пентагон доби ветување за испраќање на 10 хеликоптери за помош во гаснењето. Претседателот Џо Бајден потпиша Декларација за итна помош за погодените подрачја со која се овозможува на локалните жители веднаш да пристап во државни средства и ресурси за рехабилитација.

Метеоролошката агенција „АкуВедер“, пак, излезе со првични проценки за причинетата штета досега кои се однесуваат на околу 50 милијарди долари.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе