Аерозагадувањто урива рекорди, граѓаните се гушат, амбулантите полни со пациенти. Кашлица, тешко дишење,печење на градите, течење на носот, солзење на очите, гребење во грлото се само дел од негативните последици по здравјето поради загадениот воздух, се жалат граѓаните.
Покрај редовните закажани термини,амбулантите се полни со итни пациенти поради влошување на нивното здравје, велат лекарите. Упатија апел до надлежните да направат чекор напред и да го решат проблемот со загадувањето, но и до граѓаните да не излегуваат надвор кога воздухот е загаден, а кога тоа е неоходно да се носат заштитни маски.
Енормното загадување, според домашните проценки и оние на Светска банка годишно од последиците од отровниот воздух умираат најмалку 3000 луѓе.
Симона Петровска