Цените растат, инфлацијата оди нагоре. Во декември зголемена за 4, 4 проценти во однос на истиот месец во 2023. Цените на мало пак повисоки за 4, 3 отсто.
Од извештајот на статистичарите може да се види дека за една година од храната и пијалаците, најголемо поскапување има кај зеленчукот од 12, 7 отсто, кај минералната вода, безалкохолните пијалаци, соковите од околу 16 отсто, потоа кај маслото, млекото, сирењето, јајцата.
Минерална вода, безалкохолни пијалаци, сокови 15, 8%
Зеленчук 12, 7 %
Кафе, чај, какао 11, 5%
Масло и масти 11,7%
Млеко, сирење, јајца 7,5%
Месо 4,0%
За една година скок на цените од над 6 отсто е забележано и кај алкохолните пијалаци, тутунот, зголемени трошоци има за облеката, обувките, за здравје. А ресторанските и хотелски услуги поскапеле за над 12 проценти.
Во мерењето на инфлацијата влегува и новогодишната кошничка која стартуваше на 15 декември и со која граѓаните чекаа пониски цени. Беше креирана без владина одлука со даден збор од производителите, трговците, добавувачите. Но, зборот бргу се покази кога се виде дека едни производи ги поевтинија, но други значително ги поскапеа.
Па, се отвара прашањето дали ваквата кошничка има ефект. Синдикатите неколку пати предупредија на нефер однос од страна на трговците.
Премиерот Мицкоски пак тврди дека во втората половина на декември кога всушност стапи на сила оваа кошничка, имало стабилизирање на цените.
Годинава би требало да се заврши со 3, 5 проценти годишна инфлација. Информацијата ми е дека полека но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на оние основни производи, изјави премиерот христијан мицкоски
Граѓаните постојано во анкетите зборуваат дека се е прескапо. Истото го повторија и пред празниците. Но, власите секојдневно повторуваат дека се следи однесувањето на производителите, трговците, добавувачите за да се види дали ќе има потреба од замрзнување на цени и маржи.
Според, статистиката пак трошоците на живот во 2024 се зголемиле за 3, 5 отсто , а цените на мало за близу 4 проценти.
Ирена Чачкова