Жан-Мари Ле Пен, кој почина денеска, беше „историска фигура на екстремната десница“ во Франција, чија „улога во јавниот живот на нашата земја речиси седумдесет години сега му припаѓа на судот на историјата“, се вели во соопштението на Елисејската палата.
„Претседателот на Републиката изразува сочувство до неговото семејство и роднините“, се додава во соопштението од кабинетот на францускиот претседател.
Ле Пен почина на 96-годишна возраст во институција во парискиот регион каде што беше примен пред неколку недели.Неговата смрт беше потврдена од неговото семејство и од партијата Национален митинг на неговата ќерка Марин Ле Пен.Жан Мари ле Пен, опкружен од своето семејство, е повикан назад кај Бога во вторникот во 12 часот“, објави семејството.
Роден на 20 април 1928 година во Трини сур Мер во Бретанија, Ле Пен е основач на Националниот фронт, партија која се залагаше за построга емиграциска политика, зачувување на традиционалните вредности и евроскептицизам. Неговата политика беше мешавина на популизам, елоквентност и харизма, опседнат со емиграцијата и Евреите, и ја извлече француската крајна десница од маргините, пишува Франс прес.