Вести Економија Најважни

По божиќните празници следат штрајкови и протести

Едни веднаш по Божиќ, други неколку дена подоцна. На самиот старт на новата година, по божиќните празници, дел од вработените во јавниот сектор ќе го искажат својот револт и незадоволство, затоа што не го добија додатокот на плата од 30 отсто.

Од УПОЗ за Телма велат дека оние од државното правобранителство на 8 јануари излегуваат на штрајк. Неколку дена подоцна пак, вработените од неколку министерства меѓу кои правда, економија, животна средина, администрација но и други, планираат да протестираат.

Како што соопштуваат од синдикатот, најверојатно протестот ќе биде на 14 јануари, околу половина час, од  11 и 30 до 12 часот во министерствата.  Но, за тоа ќе има уште еден состанок на кој ќе се договорат деталите.

Ваквата одлука од вработените во овие институции доаѓа откако  финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно не дале зелено светло за нивните колективни договори без кој тие не можат да го добијат додаток.

Со тоа како што велат од синдикатот овие луѓе се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои ги добија 30 те отсто.

Неодамна од финансии одговорија дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработени согласно претходно потпишани колективни договори.

Но, од УПОЗ велат дека барањето за мислење од финансии за новите колективни договори со кој е предвидено зголемувањето на  додатокот на плата го поднеле пред да се изготви буџетот за годинава, а одговорот од таму добиле откако државната каса била затворена.

За синдикатот е нејасно и врз која основа финансии одлучува кои институции ќе добијат додаток, а кој не. Ваквиот приход го бараат со години затоа што тоа е на некој начин механизам да се зголемат примањата на вработените во институциите  кои всушност имаат помали плати.

Инаку, Службата за општи заеднички работи на Влада за која финансии даде зелено светло за тие 30 отсто ќе ангажира на една година над 100 лица со образложение дека е зголемен обемот на работа. Но, интересно е што разликата во  платата на оние со основно и на оние со високо образование е околу 6.000 денари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Малиот Амр меѓу животот и смртта– симбол на страдањето на децата во Газа

Дејан Дејан

Хезболах одбива разоружување додека Израел не се повлече од јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе