Вести Свет Топ вести

Премиерот на Црна Гора најави целосна забрана за поседување оружје

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ свика вонредна седница на Советот за национална безбедност за утре, 3 јануари, поради трагичниот настан што се случи на Цетиње a на социјалната мрежа Икс напиша дека на седницата на Советот за национална безбедност ќе се разгледуваат сите опции, како и целосна забрана за поседување оружје.

На седницата, која ќе започне во 14 часот, ќе присуствуваат главниот специјален обвинител Владимир Нововиќ и високиот државен обвинител Милорад Марковиќ.

Советот ќе дискутира за итни мерки за откривање и конфискација на нелегално оружје, јакнење на безбедносните институции и подготовка на нов Закон за оружје со построги контроли за издавање дозволи.

„На дневен ред ќе биде и јавниот конкурс за нови полициски службеници, како и проценка на примената на актуелните закони,“ се наведува во соопштението.

Во Црна Гора, денеска е првиот ден од тридневната жалост по убиството на најмалку 12 лица во Цетиње на првиот ден од 2025 година.

Осомничениот за ова повеќекратно убиство и ранување на најмалку четири лица Ацо Мартиновиќ се самоуби. Тој почина при транспортот кон болница.

Здравствената состојба на тројца ранети во пукањето во Цетиње е стабилна, но нивните животи се уште се во животна опасност, додека четвртиот е во критична состојба, соопштија утрово лекари од Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица (КЦЦГ), каде што на повредените им е укажана помош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ја мати водата во Велешкото езеро- алгите или фекалиите ?

Дејан Дејан

Јовановиќ: Данок за немажени и неженети имало во фашистичка Италија и во СССР за време на Сталин

Дејан Дејан

(Видео) Шишање на улица, запреа возови, во застој и метрото во Прага – голем дел од Чешка без струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе