Вести Македонија Најважни

Покрај Деспотовски со пријавата опфатени се и членови на второстепената комисија за жалби по јавни набавки

И  членoви на второстепената комисијата за жалби по јавни набавки како и од управната контрола од бирото за јавни набавки опфатени со пријавата поднесена за поранешниот прв човек на ТИРЗ, Јово Деспотовски дознава Телма.

Според наши извори од истрагата овие лица ја одбиле жалбата поднесена од уште еден понудувач. Во саботата Деспотовски беше повикан во полициска станица а потоа и во кривичен суд.

По сослушувањето таму од страна на судија на претходна постапка беше прифатен предлогот на обвинителот за одземање на патната исправа во наредните 30 дена.

За Деспотовски има истрага во финансиската полиција, а тоа го потврди и обвинителството кое отворило предмет за евентуално злоупотреби на службената положба додека директорувал со ТИРЗ зоните.

Неофицијалните информации кои се плетат во јавноста се дека пријавените злоупотреби за Деспотовски се во насока на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија која изведувала работи во две економски зони.

Деспотовски, летоска влезе и во трка за претседател на сега опозициската СДСМ и загуби од актуелниот претседател Венко Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе