Балкан Вести Свет Топ вести

Oсудени родителите на момчето кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“

Владимир и Миљана Кецмановиќ родители на момчето кое го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, денеска беа прогласени за виновни и осудени во Вишиот суд во Белград. Таткото на момчето доби единствена казна затвор од 14 години и шест месеци, додека мајката е осудена на три години затвор, бидејќи момчето во моментот на вршење на злосторот немало наполнето 14 години. Исто така обвинетиот инструктор на стрелиштето каде пукало момчето е осуден на затворска казна од една година и три месеци.

  • „Обвинетиот Владимир Кецмановиќ, е осуден за Тешко дело против општата сигурност од чл.288 и Кривично дело Запуштање и злоупотреба на малолетно лице од член 193 став 1. Обвинетата Миљана Кецмановиќ е а осудена е на затворска казна 3 години, а ослободена од обвинение за сторено кривично дело Неовластено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 348 став 1 од Кривичниот законик“ Виши суд во Белград.

На Миљана Кецмановиќ, и е забрането да му се приближува, да се среќава или да комуницира  со нејзиниот син, сторител на масакрот. На Владимир Кецмановиќ, ќе му биде одземено оружјето и муницијата опишани во казната.

Во истиот суд заврши и судењето во граѓанската постапка по тужбеното барање на 27 семејства против Владимир и Миљана Кецмановиќ, како и училиштето „Владислав Рибникар“.

  • „Ja мислам дека е важно за целото општество да овој случај добие епилог, во смисла на кривична одговорност за извршеното масовно убиство. Тоа е апсолутно приоритет, не само мене туку тоа треба да биде приоритет и на оваа општество да овој случај добие ваков тип на епилог“ изјави Нинела Радичевиќ, мајка на убиеното дете Ана Божовиќ.
  • „Оваа пресуда беше очекувана, како што реков, бидејќи притисокот на јавноста во овој случај беше огромен,очекувањата на јавноста беа огромни“ изјави Ирина Боровиќ, адвокат на Миљана Кецмановиќ.

Според обвинението, момчето го добило пиштолот на први мај, тој наполнил шест рамки со вкупно 92 куршуми и ги чувал кај себе, а потоа на трети мај ги префрлил во ранец и ги однел на училиште. Во училиштето тој прво застрелал чуварот, а потоа уште три ученички пред да влезе во училницата каде се одржувало час по историја а имало 23 деца, наставничка и студентка на стажирање. Испукал вкупно 45 куршуми, а потоа самиот повикал полиција, по што бил префрлен на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, каде што е оттогаш.

Обвинителството на почетокот на судењето кон крајот на јануари побара изземање на јавноста заради заштита на малолетниците и за да не се предизвика дополнително вознемирување, на што се спротивставија бранителите на обвинетите.

Ова барање беше прифатено, но претходните месеци некои медиуми објавија делови од сведочењето од судницата. Против родителите на момчето беа поведени неколку граѓански постапки по приватни тужби поднесени од семејствата на убиените деца.

По трагедија која се случи на трети мај минатата година се одржа голем број на масовни протести во име на убиените во основното училиште „Владислав Рибникар“. Ова единствена тргедија од вакв размер што досега се случиле во училиште во Србија.

Tea Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе