Вести Наука и здравје Топ вести

Пушењето може да влијае негативно врз здравјето и до 25 години по откажувањето

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш, може да бидат потребни и до 25 години за повторно да се намали опасноста од срцеви заболувања, откако едно лице ќе се откаже од цигарите. Наодите се објавени во списанието „Јама нетворк опен“ (Jama Network Open).

Јужнокорејскиот истражувачки тим предводен од Џун Хван-чо проучувале податоци од Корејската национална служба за здравствено осигурување. По речиси 15 години следење, истражувањето открива дека сегашните пушачи имаат најлоши последици. Пушењето и опасноста од кардиоваскуларни болести, како што пренесува списанието „Сити магазин“ (City Magazine), зависат од бројот на испушени цигари, без оглед на откажувањето од пушењето – вели заклучокот на научниците.

Кај сите поранешни пушачи, откажувањето од пушење било поврзано со значително намалување на опасностите. Сепак, ова зависи и од кумулативната изложеност на чад и повеќе години по откажувањето. Во споредба со сегашните пушачи, луѓето кои пушеле помалку, имале помала можност за појава на болести околу срцето во првите пет до 10 години по откажувањето.

Ако дозата на чад кај луѓето кои почнуваат да пушат не надминува одреден праг или тн. „точка од каде што нема враќање“, тие можат да очекуваат рано подобрување на здравјето ако престанат да пушат. Пушењето во траење од осум години е означено како „точка од којашто нема враќање“. Затоа, откажувањето од пушењето пред да осумгодишно континуирано пушење може да има значителни придобивки за јавното здравје, вели Џун.

Тоа значи – на поранешните пушачи кои пушеле повеќе цигари им биле потребни околу 23 (па дури и до 25) години, додека нивниот ризик од болест не се намали, спореден со оние кои никогаш не пушеле. Во споредба со сегашните пушачи, тешките поранешни пушачи имале помала веројатност да развијат кардиоваскуларни болести по околу 20 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Кај некои воодушевување, кај некои мала паника – т.н. „рол облак“ на плажите во Португалија

Дејан Дејан

Републиканците пред усвојување на законот за даноци, демократите со сите сили се обидуваат да го спречат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе