Вести Македонија Најважни

Мицкоски ги прозва, Обвинителството отвора предмет за следење од безбедносните служби под изговор дека е „организатор на паравоена структура“

Откако од собраниска говорница, Мицкоски во неколку наврати тврдеше дека безбедносните служби го следеле по лажна пријава од наводни „Цилиндер“ и „Џокер“, денеска му успеа. Гласот на Мицкоски, веднаш по средбата со обвинителот Љубомир Коцевски, круниса со истрага.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година“, се вели во дописот на Јавното обвинителство.

Мицкоски тврди дека безбедносните служби се занимавале со негово физичко следење, како и следење на неговото семејство под изговор дека тој бил „нарачател и финансиер на параполициско воено-вооружена формација на македонски радикални екстремни и националистички настроени елементи“, но зад грбот на МВР.

Обвинителството посочи дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација од премиерот и тврди дека ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија. Премиерот и претходно тврдеше дека бил мета на следење и тоа надлетуван со дронови од воздух.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе