Вести Свет Топ вести

Побегнаа 1.500 затвореници, 33 се мртви – масовен бунт во затвор во Мозамбик

Во бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто, загинаа 33 лица, а 15 се повредени, додека повеќе од 1.500 затвореници успеале да побегнат, изјави командантот на полицијата Бернардо Рафаел. Од оние кои побегнале, 150 повторно се уапсени.

Мозамбик се соочува со ескалација на немири поврзани со оспоруваните избори во октомври, кои ја продолжија власта на долго владејачката партија Фрелимо. Опозицијата тврди дека изборите биле наместени.

Иако Рафаел ги обвини антивладините протести за бунтот, министерката за правда Хелена Кида изјави дека нередите започнале внатре во затворот и не се поврзани со протестите кои се одвиваат надвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе