Вести Свет Топ вести

Кој долари, кој возила, кој криптовалути – рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп

Доналд Трамп ќе ја преземе претседателската функција во САД на 20 јануари, а за неговата инаугурација се собрани значително повеќе средства отколку за инаугурацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Големи корпорации како Тојота, Форд, Џенерал Моторс, Амазон, Мета, ОпенАИ донираа по еден милион долари, а Убер два милиони долари. Форд и Џенерал Моторс ветија дека ќе обезбедат и возила за овој настан.

„Седумцифрени чекови“, според „Волстрит журнал“, биле донирани од  Еј-ти-ен-ти (AT&T), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Стенли Блек енд Декер (Stanley Black & Decker), Интуит (Intuit), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Прат Индустрис (Pratt Industries) и групата Фарма (The PhRMA Group).

Донациите доаѓаат и од банки како Benk of Amerika i Golden Saks, како и платформите за размена на криптовалути Kraken и Coinbase.

Некои компании, кои порано се дистанцираа од Трамп по нападот на Капитол на 6 јануари 2021, сега го поддржуваат. Според информативниот портал Аксиос, ова може да биде обид за „додворување“ со цел подобрување на односите со новиот претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

И 41-от обид неуспешн за конституирање на собранието на Косово

Дејан Дејан

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе