Вести Свет

Барања за објава на целокупната документација за урнатата натстрешница во Нови Сад – студентски протести во Белград

Студентите од белградскиот Правен факултет организираа протестна прошетка до Врховното јавно обвинителство, каде симболично и предадоа илјада идентични писма на јавната обвинителка Загорка Доловац со порака да почне да си ја работи работата. Им се придружија и студенти од другите факултети. Барањата на студентите се да се објави целокупната документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад, кога се урна натстрешницата на станицата, а загинаа 15 луѓе.

Студентите бараат и да се отфрлат сите обвинувања против студенти, активисти и граѓани кои беа уапсени за време на двомесечните протести по несреќата во Нови Сад. Едно од барањата е и да бидат поднесени кривични пријави против сите напаѓачи кои претходно, напаѓаа учесници на протестите.

Обвинителката Доловац повика делегација на студентите на разговор, но тие одбија да се сретнат со неа, велејќи дека не носат ад-хок решенија. Студентите ги блокираа факултетите низ Србија откако нивни колеги беа напаѓани и апсени на претходните протести на кои се бараше одговорност за трагедијата во Нови Сад што се случи на 1 ноември. По протестот студентите продолжија со блокадите на матичните факултети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите меѓу Москва и Баку – Русија го повика Мустафаев

Дејан Дејан

Екс заменик-министер за одбрана на Русија осуден за корупција

Дејан Дејан

Со над 200 амандмани почнува расправата за ребалансот на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе