На вчерашното доделување на наградите за Спортист на Скопје за 2024 година дури шест каратисти на „Макпетрол“ се закитија со признанија на свечената церемонија организирана од Сојузот на Спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје
Во младинска категорија помеѓу десетте најуспешни спортисти се најдоа тројца членови на Макпетрол. Второто место му припадна на каратистот Стефан Стојановиќ додека третата награда ја освои Витомир Трајковски. Листата од десет најуспешни ја комплетирааше уште еден каратист на Макпетрол, Данило Божовиќ.
Во сениорска категорија помеѓу десетте најуспешни спортисти се најдоа и Петар Заборски, Симона Заборска и Петар Спасеновски.
Овие признанија се уште еден доказ за посветената и професионална работа на карате клубот Макпетрол, кој останува синоним за овој спорт во Македонија.