Вести Култура Македонија

Новинар, писател, поет, текстописец, наставник- и на 80 години Васил Маневски не се предава и твори и пишува

Целиот работен и животен век го посветил на новинарството, на образованиетио на младите и никогаш не се откажал од творењето и пишувањето. Васил Маневски изброја 60 години во книжевноста и пишувањето, и не се предава иако наполни 80 години.

Во чест на овој активен пишувач во организација на Здружението на роднокрајни автори Пијанечки Глас со поддршка на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров”, во Делчево во петокот вечерва се одржа литературна вечер за Васил Маневски насловена “60 години творештво, 80 години живот”.

-Во новинарството поминав повеќе од половина век, додека 12 години во просвета. Откако се пензионирав се вратив на пишувањето, издадов неколку книги поезија, автор сум на публицистичка книга ,,Плачеше цела Малешевија” заедно со колешката Љубинка Клинчарска. Активно работам на монографијата за с.Тработивиште, која се надевам следната година ќе ја издадеме, истакна Маневски, во изјава за делчево365.

Вели дека е горд на неговите следбеници во новинарството, на кои се обидел да им ги пренесе искуствата и вештините во борбата за вистината.

Меѓу најомилените дела, иако тешко му е да издвои, ги наведе  ,,Последниот гемиџија” и „Светите Води во Пијанец“, како и големиот број текстови со кои пејачи од делевско учествувале на музичкиот фестивал Гоце Фест.

Васил Маневски е роден во с.Тработивиште, Делчево, има завршено педагошка академија во Штип, Филолошки факултет во Скопје, а има завршено и Факултет по новинарство во Белград.

Во продолжение видео на делчево365.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: „Пулс“ во Кочани – дивоградба претворена во кабаре без дозвола и заштита

Дејан Дејан

Доброшинци без вода во летните горештини

Дејан Дејан

Велосипедските патеки од 500 илјади евра ги поделија битолчани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе