Вести Свет Топ вести

Во период од пет минути кражби во две банки во атинска населба

Непознати лица утрово ограбиле две банки во атинска населба, а кражбите биле во период од пет минути, по што во тек е акција на грчката полиција за пронаоѓање на сторителите.

Според првичните неофицијални информации и во двата случаи лицата се превезувале со мотори и засега е непознато дали двете кражби се поврзани, како и колку пари успеале да одземат.

Едниот грабеж бил во 9.40 часот, а вториот во 9.45, а филијалите на двете банки се наоѓаат една спроти друга на централен булевар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе