Вести Свет Топ вести

Поставете западна ПВО, одберете мета во Киев и да видиме дали може да се собори „Орешник“ – Путин го повика Западот на „високотехнолошки дуел“

За ситуацијата во Украина порача дека „кардинално се менува“, истакна дека руската војска секојдневно напредува долж целата линија на фронтот, најави ослободување на Курск. Ова се дел од пораките на рускиот претседател Владимир Путин на годишната прес-конференција во Москва. Јавно ги повика западните сојузници на Украина на „високотехнолошки дуел“. Им порача да постават западна противвоздушна одбрана, да изберат мета во Киев и да видат дали ќе може да пресретнат новата балистичка ракета „Орешник“ за која инстистира дека нема шанси да биде соборена. „Ќе биде интересно“, рече низ насмевка Путин пред присутните новинари во салата и милионскиот аудиториум што го следи конференцискиот маратон.

Путин изрази подготвеност за средба со Трамп, како и за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, само доколку повторно биде избран на функцијата. Во моментот, според лидерот на Руската Федерација нема предуслови за почеток на преговори за евентуално мировни решение, бидејќи неговиот мандат истече, па легитимна власт во Москва во Киев сега е Врховната Рада. Укажа дека прелиминарниот договор што го постигнаа руските и украинските преговарачи во првите недели од војната, а никогаш не беше спроведен, може да послужи како основа за идните преговори.

Економијата во целина е стабилна, и покрај предизвиците и инфлацијата која признава дека загрижува. Под стабилноста на економијата рече оти мисли и на надворешната. Во тој контекст истакна дека Русија за две години остварила раст од осум отсто, показател за кој вели дека во САД е пет-шест отсто, во еврозоната – еден, а во Германија – нула. Заминувањето на странските компании во Русија, како што нагласи, го стимулирало домашниот бизнис.

За поранешниот сириски претседател Башар ал Асад рече дека не го видел откако доби азил во Русија, но и дека планира да го стори тоа во наредниот период. Годишната прес-конференција на Путин почна во 10 часот по средноевропско време и до нејзиниот почеток пристигнаа околу два милиона и 800.000 прашања. Областа околу Кремљ и Црвениот плоштад во Моксва се под засилени мерки на безбедност.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе