Вести Култура

„Замисли нов свет“, претстава со моќни вонвременските пораки од Горан Стефановски

Потрагата по идентитетот, миграциите, јазот меѓу генерациите, љубовта и загубата, распадот на семејството, го сочинуваат тематскиот опсег на претставата „ Замисли нов свет“. Работена е  според сцени од 7 култни текстови на Горан Стефановски, во драматизацијата на Ана Ристоска- Трпеноска. Во претставата играат актери од МНТ, од Драмскиот театар, како и млади кои допрва ќе бидат дел од ансамблот . Според нив, бајковитиот наслов е контраст на горливите прашања од драмите на Стефановски, кои и денес прозвучуваат актуелно.

  • Живееме во град кој што е најзагаден во светот. Живееме во град кој што постојано се руши. Има некои ликови кои што рушат куќи и градат високи згради. Живееме во држава од која многу луѓе се отселени, некои мечтаат да заминат, некои мечтаат да се вратат, луѓе кои што го бараат идентитетот, интегритетот. Луѓе кои што само ни премачкуваат некои работи. Тоа е толку актуелно, рече Игор Ангелов- актер.

Претставата , базирана на драмскиот и раскажувачкиот театар, е градена како постмодерна рамка, во која врзното ткиво меѓу сцените се песни од Огнен Анастасовски, по  текстовите на Стефановски, но и од негови изјави од интервјуа. Таа дава емоционален и социјален приказ на нашата стварност, а тргнува од изјавата на Стефановски дека како раскажувач на приказни , најмногу и припаѓа на земјата наречена театар, вели режисерката Витошевиќ.

  • Ние со оваа претставата , тргнувајќи од таа појдовна точка, сакавме да ја подвлечеме моќта на приказната и моќта на театарот, да создава нови, поинакви приказни, кажа Нела Витошевиќ- режисерка на претставата.

Актерите толкуваат по неколку улоги, а трансформацијата не им оди тешко, поради драматизацијата, вели Верица Недеска, која по 20 години се враќа на штиците што живот значат.

  • Трансформацијата доаѓа многу природно . И спојувањето или одвојувањето на ликовите е многу природно, бидејќи пред сѐ располагаме со една одлична драматизација, вели Верица Недеска-актерка.

За сценографијата беше задолжен Константин Трпеноски, а костимите се авторство на Роза Трајчевска- Ристоска. Според прикажаното, овој театарски чин, работен како копродукција меѓу МНТ и Сектор Филм, а финансиран од Телеком, го истакнува вонвременскиот квалитет и сила, на делата на Стефановски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе