Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ постави нов македонски рекорд на Светското првенство во мали базени во Будимпешта.
17-годишникот денеска во дисциплината 800 метри слободен стил исплива со време од 8 минути, 6 секунди и 79 стотинки подобрувајќи го стариот рекорд за три секунди.
Олимпиецот денешната трка во квалификациите ја заврши на 27-то место од вкупно 32 натпреварувачи. Пред два дена Ѓуретановиќ исплива и национален рекорд на 400 метри слободно.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.