Вести Свет Топ вести

Уништена некогашната резиденција на Асад во Дамаск

Улицата е празна, контролниот пункт пред резиденцијата во Дамаск на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, е напуштен. Уништен мебел, расфрлани и уништени семејни фотографии, а подот е прекриен со хартии. Ваква е денешната слика од некогашниот дом на Асад.

Тој со сопругата и нивните три возрасни деца побегна во Москва, каде добија азил од долгогодишниот сојузник Путин. За неговите соседи животот во близина на Асад воопшто не бил едноставен, дури и амбулантните возила морале да добијат специјална дозвола од неговите чувари за да влезат во областа. А секое движење било следено како под микроскоп.

„Се разбира, се соочивме со многу тешкотии. Имаше куќи на кои не им беше дозволено да ги подигнат ролетните. Се соочивме со многу тешкотии. Како соседи, една грешка овде би резултирала со десеткратна казна на некој надвор, бидејќи сме од околината. Знаете што мислам, секој збор беше измерен, секое движење беше под микроскоп“, вели Аднан Хабал, сосед на Башар ал Асад.

Еден од соседите вели „една грешка овде можеше да ја платиш со десеткратна казна надвор“. Посетителите биле детално претресувани, а доколку имал некој близок кој е под истрага, не му дозволувале да влезе во областа. Домот на Асад сега е место каде што минувачите си прават селфи. А, често ги ограбуваат и неговите лични работи.

„Се сеќавам дека се исплашија кога започна револуцијата и паѓаа гранати овде. Се исплашиле и донеле работници да го сменат стаклото. Го зацврстиле стаклото и тоа станало отпорно на куршуми и шрапнели. Оваа соба во која се наоѓаме е просторијата на соборениот Башар ал Асад како што можете да видите. Немавме предности, само штета. Секогаш кога доаѓаше гостин, моравме да одиме кај разузнавачките служби. Ќе отидевме кај нив и ќе им го дадевме името на посетителот. Гостинот пристигнал и мораше да се претресе. Тие морале да бидат запрени 10 минути на контролниот пункт, бидејќи беа претресувани и идентификувани. Уште пред да пристигне лицето, му ја одземаа личната карта и вршеа проверка. Ако имаат некој роднина по кој се трага, немаше да ги пуштат. Ќе ги вратеа назад. Па, морав да излезам надвор за да го видам мојот гостин. Тие не ги пуштаа во областа“, раскажува Абу Диаб, сосед на Асад.

По падот на сириската престолнина Башар ал Асад не се појавил во јавност. Руските политичари потврдуваат дека е на сигурно, а еден од нив изјави дека тој треба да придонесе во обновата на руските градови оштетени во воениот конфликт во Украина. Па како опција се споменува областа Донбас и пристанишниот град Мариупол, којшто по долга опсада беше заземен од руските сили во 2022 година. На јавноста ѝ е познато дека неговото пошироко семејство купило најмалку 20 станови во Москва во последните 20 години.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе