„Практиките кои ги применуваат ДУИ во периодот како да ги копираат од ВМРО-ДПМНЕ, ако се сеќавате за време на Преспанскиот договор ВМРО-ДПМНЕ секој ден кажуваа дека македонскиот јазик и идентитет е загрозен. Се чини дека ДУИ и ДПМНЕ како да читаат од исти книги. Идентична реторика и платформа. ДУИ во последно време велат дека албанскиот јазик и идентите е ставен на удар, а тоа не е вистина. Затоа што законот принципиелно е формиран на темелно на амандманот V кој произлегува од Рамковниот договор. Има една многу специфична особина на овој закон за којшто вреди е да се пофалиме. Имено дека не го територијализира употребувањето на јазикот, со тоа не прави јазични енклави, со тоа не прави ни етнофедерализации. Доста е од истите методи и практики кои го клатат клатното на раздорот на раздорот меѓуетнички помеѓу овие две партии“ изјави Ана Чупеска од СДСМ во Топ Тема.
„Штом законот е пратен до Венецијанската комисија, е пратен за да се добие некој совет. Албанскиот јазик не треба да се употребува како алатка против чувствата на Албанците, ниту македонскиот јазик да се употребува како алатка против чувствата на Македонците“ потенцираше Чупеска.
- „Oна што ќе биде одлука на Уставниот суд ќе биде и конечна одлука на ВМРО-ДПНЕ и апсолутно ќе ја почитува. Треба како политички субјекти треба да се научиме дека одлуките на Уставниот суд треба да се почитуваат во едно демократско општество. Она што треба да се истакне дека употребата на албанскиот јазик е гарантирана со Уставот. ДУИ лажно се повикува цело време за Рамковен договор кој бил ставен на удар е симптоматично кога доаѓа од ДУИ, бидејќи имавме милион изјави кога беа на власт изјавуваа дека Рамковниот договор е преточен во уставот на Република Македонија. За што јас исто така се слагам дека е така, и со тоа наместо да се повикуваат на договор треба да се повикуваат на Уставот“ вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во Топ Тема.
- „Сета оваа фарса којашто се прави од ДУИ не е за да се заштитат некакви права на Албанците затоа што не се ни чепнати правата, ова е само да се одвлече вниманието од корупциските скандали и обрачот кој се стега меѓу високите функционери на ДУИ. Ниту ги интересираат права на Албанците, ниту она што го говореа дека ќе има протести не се случија. Знаете зошто? Затоа што не им дојдоа луѓе, затоа што народот ги прочита и не ги поддржи. Ниту тоа пред Уставниот суд со шаторот не им успеа затоа што немаат народ. Еден од уставните судии кои го бојкотира овој процес тоа е уставниот судија Осман Кадрију, само пред еден ден или два изјави на еден медиум дека во март ќе се одржи подготвителната седница, а дотогаш треба да се искорсти времето за подобрување на пропустите на законот“ додаде Петрушевски.