Вести Македонија

Јошевска Анастасовска: Изземањето на дел од уставните судии од дебатата посочува на политичка агенда наместо на правна

Изземањето на дел од уставните судии од дебатата за Законот за употреба на јазиците посочува на една политичка агенда, наместо на судска и правна, посочи во вечерашната Топ Тема на Телма адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.

Според неа во моментов се одвиваат два процеси.

Но, паралелно со оваа правна дебата која би требало да биде единствена, но за жал не е, паралелно со таа правна дебата мора да ја гледаме и перцепцијата на граѓаните кон Уставниот суд и кои пораки Уставниот суд ги праќа, Уставниот суд во целина зборувам, не секој член поединечно, но и овие два или три члена кои се изземаат од дебатирање со тоа што практично го валидираат овој тип на протести. Барем јас така го гледам, бидејќи ако не сакате да се вклучите во дебата за правни прашања, за која што сте земале заклетва да го правите, тоа ви е и право, и обврска, и должност во судот да го извршувате, вие практично валидирате дека за ова не треба да се дискутира, што претставува една политичка агенда, а не судска и правна агенда, рече јошевска анастасовска.

Мислењето на Венецијанската комисија е базирано на темелна анализа од страна на стручни лица, додава таа и изрази очекување дека и домашната дебата нема многу да отстапува од него.

Правните аргументи се тие, не гледам дека тука можеме да најдеме некаков сив терен, поинаку да ги толкуваме овие спорни одредби од законот. Оваа дебата ја имавме и во 2018 година и повеќето се согласивме дека постојат спорни одредби, особено Членот 9, за кој можам да зборувам а којшто се однесува на судските постапки. За мене нема никаква дилема дека тој член е спорен, неприменлив, а како се изразува и Венецијанската комисија, ќе го обремени судството и ќе се покаже како излегување надвор од рамката на она што значи унапредување на јазичните права и Охридскиот рамковен договор, рече јошевска анастасовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе