Македонија

Буџетот за социјални услуги за 2025 година за 40% пократок од годинашниот креиран со ребалансот

Усвоениот буџет за 2025 година предвидува за 40% помалку пари за социјални услуги, во однос на тие со кои располагаа лицата со попреченост годинава,  по ребалансот на буџетот во август. Кратењето од скоро 9, 5 милиони евра на близу 4 милиони, е погребување на компезационите права на лицата со попреченост, во однос на користењето на социјалните сервиси и услуги, велат од Коалицијата „ Менуваме“. Според нив, намалувањето на средствата ќе значи неизвесност или губење на повеќе социјални сервиси , но и гаснење на центрите во Банско и Демир Капија.

  • Под кирија се земени тие објекти и вие сега ако не ги сервисирате кириите, тие ќе бидат оставени едноставно на улица, ќе бидат избркани. Тука го доведуваме системот во голем ризик. Ако ние имаме сега лица со попреченост кои што користат персонална и негувателска услуга, овие корисници ќе можат да користат , ама и тоа ќе биде како и до сега. Значи два месеци да се доцни, па три. Па, луѓето да бидат во информативен мрак. Термините на матичните лекари , кога ќе ги аплицираме за преглед на слепило, или да речеме за нега од трето лице, термините нема да бидат пуштени, рече Суарет Алишан, координатор на Коалицијата „ Менуваме“.

Според Алишан , поради пренос на податоци од стар на нов софтвер во Министерството за социјална политика, доцни и исплатата на додатоците за попреченост и за нега од трето лице. А, со тие пари ги покриваат потребите за лекови и за други услуги.

  • Имате семејства кои што се тотално слепи. Тие од тие пари зависат, не работат и не добија пари. И замислете сега, како ќе им биде на нив за Нова година и немаат никакви лекови, вели Алишан .

Од Коалицијата реагираат и што сѐ уште не се исплатени надоместоците за персоналните асистенти, за октомври и ноември.

А, од Министерството за социјална политика смируваат дека нема простор за грижа поради скратениот буџет за социјални услуги. Со ребаланс на буџетот, кој што идната година се очекува да биде во јули, поради локалните избори наесен, ќе се процени состојбата и ќе се предвидат средства за нормална исплата на надоместоците и услугите, велат од ресорот. Од таму повикуваат на разбирање кај корисниците , во врска со преносот на податоци од стар на нов софтвер, и уверуваат дека за неколку дена проблемот ќе биде надминат . Тоа се однесува и за исплатата на надоместоците за лични асистенти, додаваат од Министерството за социјална политика.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бизнис секторот бара Уставен да го поништи солидарниот данок и парите да им се вратат на компаниите

Дејан Дејан

Лиценците во детската заштита ќе се издаваат на македонски јазик – ако некој побара, ќе добие и на албански

Дејан Дејан

Советот на јавни обвинители без препораки, задолженија или најави за разрешувања во собраниската комисијата за политички систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе