Вести Свет Топ вести

Земјите-членки на Советот за безбедност на ОН ќе работат на изјава за Сирија

Истрели се слушнаа во близина на плоштадот Умајад во центарот на Дамаск, неколку дена откако бунтовниците го зазедоа градот и го соборија претседателот Башар Aл Асад.

Земјите-членки на Советот за безбедност на ОН ќе работат на изјава за Сирија во наредните денови, изјавија американски и руски дипломати, по состанокот зад затворени врати посветени на заземањето на главниот град Дамаск.

Рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија посочи дека Советот беше повеќе или помалку обединет околу потребата да се зачува територијалниот интегритет и единство на Сирија, да се обезбеди заштита на цивилите и хуманитарната помош да стигне до сиромашното население.

Специјалниот пратеник во ОН за Сирија Геир Педерсен oцени дека вооружените групи во Сирија испраќаат добри пораки за национално единство и инклузивност. Според него меѓународната заедница треба да и помогне на земјата да го преброди овој турбулентен период.

  • „Сè уште сме во она што јас би го нарекол многу менлив период. Работите не се решени. Постои реална можност за промена, но оваа можност треба да ја искористат самите Сиријци и да ја поддржат ОН и меѓународната заедница“ изјави Геир Педерсен, специјален пратеник на ОН за Сирија.

Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека одлуката на сирискиот претседател Башар Ал Асад  за напуштање на земјата е лична, и дека во моментов се потребни анализи за да се предвиди конечниот исход на настаните.

  • „Сега е време за длабока анализа на настаните што се случуваат, така што е тешко да се предвиди конечниот исход, што ќе следи по овој период на неизвесност“ изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Амбасадорот на Сирија во ОН Кусај Ал-Дахак рече дека неговата мисија и на сите сириски амбасади во странство е да продолжат да ја вршат својата работа и да ги одржуваат државните институции за време на периодот на транзиција.

По повеќе од една деценија војна, сиријските жени велат дека нема жена во Сирија која не изгубила брат, дете или маж. Во изминатите два дена, сите бараа сигнал од своите најблиски, кои исчезнаа во тајниот затвор Сајд-Наја, кој е познат по ужасите и тортурите кои беа спроведувани, а беше нарекуван и „кланица“.

  • „Твојот живот овде е само едно големо насилство. Дозволени ви се три работи: храна, спиење, бања. Тоа е се. Вашиот живот е прекршување за нив. Тие се обидуваат на кој било начин да се ослободат од вас. Бараат начини. Не ви даваат храна, лекови да влезат, само ако успееме скришум. Бев пациент со туберколоза“ изјави поранешен воен затвореник Сајд-Наја.
  • „Каде се сите? Каде се децата? Каде се тие? Каде се нашите деца? Срцето ми изгоре за брат ми. 13 години продолжувам да го барам. Каде е тој? Имаше 30 години кога го зедоа“ изјави Хаирија Исмаил, мајка на синот кој почина во воениот затвор Сајд-Наја.

Главниот водач на исламистичките бунтовници во Сирија изјави дека ќе бидат именувани високи функционери на режимот на Асад кои биле вклучени во мачење политички затвореници, а ќе бидат понудени награди за објавување на информации за високи армиски и безбедносни офицери вклучени во „воени злосторства“. Во меѓувреме, спасувачките екипи извршиле потрага по можни затвореници во тајните подруми во затвор Сајднаја, без да најдат никого.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе