Вести Свет Топ вести

Путин се плаши само од тебе и, можеби од Кина – Зеленски со порака до Трамп

Претседателот на Украина Володимир Зеленски му рекол на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека рускиот лидер Владимир Путин се „плаши“ само од Трамп.

„Му кажав на Трамп дека Путин се плаши само од него и, можеби, од Кина“, напиша Зеленски на „Икс“.

Украинскиот претседател одржа трилатерална средба со Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон изминатиот викенд во Париз, со кои разговараше за руската инвазија.

„Само решителност може да ја доведе оваа војна до крај и да обезбеди долготраен мир“, рече Зеленски.

Toj додаде дека Америка има капацитет да прави извонредни работи што другите не успеале да ги направат.

„За успешно завршување на оваа војна ни треба единство на Америка, Европа и сите во светот кои ја ценат безбедноста, силните позиции и гаранциите за мир“, рече Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе