Вести Македонија Најважни

За шест месеци ја консолидиравме економијата, имаме меѓу најдобрите индикатори на БДП во Европа – Мицкоски за економскиот раст

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека владата за период од шест месеци успеала да ја консолидира економијата, искажувајќи задоволство од податокот за пораст на Бруто-домашниот производ (БДП) за 3 проценти во третото тримесечје од 2024 година (јули, август и септември).

На прес-конференција посветена на економскиот раст, тој рече дека податоците што ги објави Државниот завод за статистика ги надминал и очекувањата на Владата и прогнозите на Светска банка и посочи дека „во услови на сложени геоекономски и политички случувања, 3 проценти е меѓу најголемите во рамките на ЕУ“.

„Успеавме да ја консолидираме економијата и индикаторите со коишто денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тримесечие се едни од најдобрите во Европа. Многу ретко до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат што ќе биде еден од најдобрите во Европа. Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, а што се однесува во регионот, помала стапка на раст во третиот квартал имаат две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија, 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, Словенија е 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија итн. Ако се анализираат податоците ревидирани од првите три квартали оваа година, тогаш може да кажеме дека БДП порасна во просек повеќе од 2,6 проценти, што претставува повеќе од предвидувањата на некои од меѓународните институции, мислам дека тоа беше Светка банка, која предвидуваше раст од 1,8 проценти за 2024 година на БДП на македонската економија“, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Очекува раст сличен и повисок во четвртиот квартал (октомври-ноември-декември) од 2024, со што, рече, би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, „што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе