Вести Македонија Најважни

Политичка војна пред портите на Уставниот суд

Три дена пред расправата за Законот за јазиците во Уставниот суд, премиерот Мицкоски ги смирува граѓаните: „Во среда нема да се случи ништо“! Додека членовите на претседателството на ДУИ предупредуваат на активности за уривање на Охридскиот договор, Владата ги нарекува „политички профитери“ чиј криминал наскоро ќе биде обелоденет. Мицкоски се сомнева дека ДУИ се обидува да направи поделба по етничка основа.

„Во среда нема ништо да се случи, затоа што има процедури, подготвителни седници, итн. Но, тие повторно ги злоупотребуваат Албанците, но и Македонците, ги малтретираат и останатите со обиди за поделби и да привлечат внимание. Ги молам сите граѓани, и Македонци и Албанци и сите – да бидат спокојни. Ова е изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомненија за сторен огромен криминал“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата.  

ДУИ упати апел „премиерот да ги прекине заканите и разединувачката и провокативна реторика“. Секретаријатот за правда на ДУИ одржал итен состанок. Заклучил дека приоритет на Владата е укинување на Охридскиот договор и на сè што произлегува од него. Уставниот суд го гледаат како главен механизам за реализација на платформата на ВМРО-ДПМНЕ за претворање на Македонија од мултиетничка во моноетничка држава. Мала Речица утре ќе одлучува за своите наредни чекори.

„Секој обид за укинување на делови од Законот за употреба на јазиците ќе биде апсолутно неприфатлив за нас, директно ќе влијае на уривање на рамнотежата меѓу заедниците и ќе ги оштети основните столбови на Охридскиот договор. Затоа ја повикуваме Меѓународната заедница да ги запре последователните напади од моноетничката власт и од институциите како Уставниот суд“, соопштија од ДУИ. 

Владеачката „Вреди“ уверува дека тие се чувари на правата на Албанците. Ја обвинуваат ДУИ дека се обидува да ги злоупотреби Албанците и да креира меѓуетнички тензии.

Законот за јазиците ќе се најде пред уставните судии по пет години откако беше оспорен со 12 иницијативи. Се оспорува законот во целина, процедурата на донесување и објавување, како и службената употреба на албанскиот јазик. Двајцата судии Албанци најавија дека нема да присуствуваат.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во отпад за старо железо – чадот го покри Скопје

Дејан Дејан

Орбан ја повика Урсула фон дер Лајен да поднесе оставка

Дејан Дејан

Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе