Вести Свет Топ вести

Озаконет пуч, романската држава ја погази демократијата – Калин Георгеску по одлуката на Уставниот суд да ги поништи претседателските избори

Крајнодесничарскиот независен кандидат за претседател на Романија, Калин Георгеску изјави дека одлуката на Уставниот суд за поништување на првиот круг од изборите претставува „озаконет пуч“.

„Денеска романската држава ја погази демократијата. Заедно со народот направивме историја и време е да покажеме дека сме храбар народ“, изјави синоќа Георгеску, во обраќањето на телевизискиот канал „Реалитатеа“ и додаде дека корумпираниот систем склучил „пакт со ѓаволот“, а тој има само еден пакт – со романскиот народ и Бога.

Уставниот суд ја поништи изборната победа на Георгеску откако разузнавачките служби презентираа безбедносни документи кои покажуваат дека изборната кампања била дел од хибридни напади координирани од странска држава.

На новинарско прашање за можноста да му биде забрането повторно да се кандидира, Гeоргеску рече дека ќе оди пред највисокиот суд и дека веќе се преземени активности во таа насока.

„Ако девет судии, колку што има во Уставниот суд, одлучуваат спротивно на волјата на 19 милиони луѓе, тогаш тоа не е реално“, заклучи тој.

Вториот круг на изборите требаше да се одржи на 8 декември, но поништувањето значи дека целиот процес ќе се повтори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски

Дејан Дејан

Кривична пријава за сопственичка од Кавадарци за затајување данок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе