Вести Свет Топ вести

Нотр Дам воскресна од пепелта – обновениот француски бисер од 12-от век денеска ги отвора вратите за светот

Нотр Дам воскресна од пепелта. Катедралата во Париз денеска ги отвора вратите за домашната и светска јавност по нејзиното обновување од стравичниот пожар во 2019 година. Причините за огнената стихија сè уште се непознати, иако се верува дека пожарот го предизвикат електричен дефект или отпушок од цигара. Но, тоа за момент паѓа во втор план, бидејќи вечерва се очекува повторно да блесне со сиот свој сјај.

Околу катедралата деновиве беше врвулица од домашни, но и странски туристи кои ги фотографии последните подготовки пред вечерашното отворање. Велат горди се објектот кој претставува симбол на француската култура и духовност. И, секако, на голем број на историски настани, како што е крунисувањето на Наполеон. Ил де ла Сит, малиот остров во реката Сена, кој е дом на Нотр Дам, ќе биде затворен за туристи и нерезиденти. На јавните површини, долж јужниот брег на Сена, ќе можат да се сместат 40.000 луѓе кои ќе можат да уживаат во церемониите преку големи видео екрани.

Париз денеска и утре ќе биде буквално под полициска опсада. На сила се мерки како за Летните олимписки игри, безбедноста е подигната на највисоко можно ниво оти сиот свет викендот ќе биде насочен кон Франција. Отворањето на обновената катедрала привлече 50-тина шефови на државик и влади и членови кои допатуваа во Градот на светлината. Меѓу нив и новиот американски претседател Доналд Трамп, неговиот италијански колега Серџо Маратела, шефот на германската држава Франк Валтер Штајнмаер, принцот Вилијам, белгиската кралска двојка Филип и Матилда, грчката претседателка Катерина Сакералопулу, а меѓу државниците ќе биде и македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова.

Нивниот домаќин, францускиот претседател Емануел Макрон е најавено дека ќе одржи краток световен говор пред катедралата. Најавено е обраќање и на Папата Француск по кое парискиот надбискуп ќе го одржи првиот обред и ќе ги отвори вратите на бисерот од 12-от век. Потоа ќе следува лирутгија со богослужба. Планираната агенда за денеска ќе заврши со концерт од 21 часот.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Македонскиот идентитет се брише од извештајот на талибански начин

Дејан Дејан

Ковачев: Постигната согласност да се отстранат термините „македонски јазик“ и „македонски идентитет“ од извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Одбиено обвинението против Максим Димитриевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе