Вести Македонија Најважни

Десет отсто поевтино од најниската цена во последните 30 дена – вака ќе се формираат цените на производите во новогодишната кошничка

Десет отсто пониско од најниската цена во периодот од 15 ноември до 15 декември. Ова е формулата по која ќе се пресметува цената на производите кои ќе се најдат во „новогодишната кошничка“. Јавноста и граѓаните се исчекување на стартот на акцијата „Новогодишна кошница“ закажана за идниот викенд, додека пазарните инспектори се излезени на терен и ги следат цените на производите кои ќе се најдат во кошницата.

На 15 декември, 675 производи ќе треба да се продаваат по акциски цени, со намалување од најмалку 10 отсто и ќе бидат обележани со налепница на која ќе стои логото „помалку трошоци, повеќе за тебе“. Како основ за намалувањето ќе биде најниската цена на продуктот во периодот од 15 ноември до стартот на акцијата.

Казни за трговците, доколку не го почитуваат договорот со Владата и не ги намалат цените за најмалку 10 отсто од најниската која била во периодот до 15 ноември, се предвидени и пазарната инспекција ќе ги казнува сите малверзации.

Граѓаните се скептични околу претстојната новогодишна кошница, дел поради, како што велат, отсуството на ефекти од претходната есенска потрошувачка кошничка и отсуство на механизми за контрола и заштита кога станува збор за трговците и начинот на формирање на цени.

Во кошницата ќе се најдат основните прехранбени производи, леб и житарици, пекарски производи, месо и преработка од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни и алкохолни пијалаци. Листата на производи и маркети каде ќе се продаваат е објавена на веб страната (www.mojakosnica.mk) мојакошница.мк.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе