Вести Свет Топ вести

Романците гласаат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања

Во Романија денеска се одржуваат парламентарни избори, во време на политички превирања и во атмосфера на тензија по првиот круг на претседателските избори, кои предизвикаа големи контроверзи.

Уставниот суд на земјата донесе одлука за пребројување на гласовите од првиот круг на претседателските избори, додека Советот за одбрана ја обвини платформата ТикТок за вмешаност во изборниот процес.

Романските медиуми јавуваат дека на парламентарните избори ќе учествуваат вкупно 31 партија.

Последните анкети, објавени пред гласањето, покажуваат дека најпопуларна партија во земјата е националистичката Алијанса на обединети Романци (АУР), со 22% поддршка, додека две екстремно десничарски партии, СОС Романија и ПОТ (Младинска партија), имаат по 4,6% поддршка.

На второ место по популарност е Социјалдемократската партија (ПСД), со 21,4% поддршка, а потоа следуваат Унијата за спас на Романија (УСР) со 17,5% и Либералната партија (ПНЛ) со 13,4%.

Парламентарните избори се одржуваат една недела по првиот круг на претседателските избори, на кои контроверзниот десничарски популист ја освои најголемата поддршка.

Калин Георгаску, 62 години, треба да се соочи со реформаторката Елена Ласконе од партијата „Спасете ја Романија“,во вториот круг на 8 декември.

Успехот на Георгаску, кој многумина го поврзуваат со неговото брзо зголемување на популарноста на социјалната мрежа „ТикТок“, предизвика масовни протести низ цела Романија од страна на оние кои се спротивставуваат на неговите ставови за кои пофалби доби од романските националисти и рускиот претседател Владимир Путин, и го гледаат како закана за демократијата.

Многу набљудувачи сметаат дека резултатите од претседателските избори укажуваат на остар премин од главните политички партии на Романија кон популистички, чиј глас наидува на плодна почва во време на висока инфлација, висок трошок на живот и заостанат економски развој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе