Вести Свет Топ вести

Нормализирано водоснабдувањето на Косово – Вучик вели Србија го истражува случајот

Косовската министерка за економија, Артане Ризваноли, објави дека водоснабдувањето во подрачјата погодени од експлозијата во каналот Ибар-Лепенец, кај Зубин Поток, е нормализирано.

Водоснабдувањето во општините Јужна Митровица, Северна Митровица и Звечан започнало доцна синоќа, а денеска водата е пуштена на третман во фабриките за вода во Глоговац и Орловиќ.

 

Се очекува во наредните часови да се нормализира снабдувањето и во Глоговац, Косово Поле и Обилиќ.

Експлозијата, која се случи во петокот ноќта, предизвика голема штета на инфраструктурата и ги загрози снабдувањето со вода и струја за стотици илјади граѓани.

Косовската полиција соопшти дека уапсила осум лица и запленила оружје, експлозиви и воена опрема.

Властите во Косово за инцидентот прстот го вперија во Белград, кој па демантираше било каква вмешаност во случајот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија започнала своја истрага за експлозијата која според него ќе покаже дека Србија не е вмешана во инцидентот.

Инцидентот се случи неколку часа по зголемените безбедносни мерки во Косово, кои беа воведени по неколку инциденти каде беа фрлани експлозивни направи на косовските институции.

Нападот беше осуден од претставниците на западните земји во Приштина, како и од Српска листа, најголемата партија на Србите во Косово, која е поддржана од српските власти.

Сите овие настани дополнително ја влошуваат напнатоста меѓу Србија и Косово, со оглед на чувствителноста на ситуацијата и различните ставови на двете страни во врска со безбедноста и политичката иднина на регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе