Европската унија (ЕУ) подготвува нов пакет санкции против Русија во рамките на 15-тиот пакет мерки по руската инвазија врз Украина. Претставници на земјите-членки на ЕУ веќе ги разгледуваа новите предлози, кои вклучуваат таргетирање на кинески компании кои произведуваат беспилотни летала за потребите на руската војска. Дополнително, нови санкции се разгледуваат и за т.н. руска флота во сенка која се користи за транспорт на нафта и нафтени деривати.
Од почетокот на инвазијата врз Украина, Русија се соочува со голем број на санкции од Западот со цел да се ослабне нејзината економија и да се намали моќта за војување со што би се извршило притисок да се стави крај на војната со Украина. Руската економија досега издржа исправено пред предизвиците, а руските власти изнајдоа голем број начини како да ги заобиколат досега спроведените санкции, иако беше извршен значителен удар врз руската нафтена индустрија што, пак, најмногу придонесува за економијата на земјата.