Јан Херл победи на второто сезонско натпреварување во Лилехамер во рамки на Светскиот куп во ски-скокови.
Австриецот освои вкупно 285,3 поени за да дојде до триумфот, односно оствари скокови од 137 и 139,5 метри. Втор беше Пиус Пашке од Германија, кој вчера беше најдобар на првото натпреварување во Лилехамер. На подиумот имаше место и за Даниел Шофенинг, кој беше трет.
По два натпревари Пашке е лидер во генералниот поредок со 180 поени, Херл е втор со 145, а Шофенинг има пет помалку на третото место.
Следниот викенд ски-скоковите продолжуваат во Рука во Финска.