Вести Култура Македонија

Лауреатите на наградата „22 Ноември“: Важно е да бидеме свесни да гo негуваме мајчиниот јазик

Во време на глобализација и огромно влијание на социјалните мрежи, важно е да бидеме свесни да гo негуваме мајчиниот јазик, затоа што новите генерации сè повеќе ги користат англизмите во секојдневниот говор, вели професор Авзи Мустафа. Да има национална стратегија во образовниот процес, која ќе ги потсети младите дека убаво е да знаете повеќе странски јазици, но дека треба совршено да го владеете и мајчиниот јазик.

„Имајќи предвид дека на моите внуци и внуки, мајчин јазик веќе им станува англискиот и секој ден меѓу себе комуницираат на англиски и нашите мајчини јазици слабо ги употребуваат. За мене тоа е јазична ургенција за која треба да се преземе нешто во иднина како да ги заштитиме. За мене нема мал или голем јазик, туку сите јазици се како богињата Шива кој вели дека со тој јазик ние пееме читаме, се смееме разговараме“, изјави проф. д-р Авзи Мустафа, добитник на наградата ,,22 Ноември“

За мене наградата е привилегија и одговорност, но и мотив плус за истражувањата, посебно во полето на правото, но и за грижата за животната средина, вели професор Османи.  Во меѓувреме е исклучително важно да се подигне свеста за научно- истражувачката дејност, за климатските промени и нивото на еколошка свест кај луѓето.

„Сè помалку и помалку колегите ги посетуваат, односно ги следат меѓународните научни конференции било да е надвор или внатре од нашата држава, само поради финансискиот дел, финансиските импликации. За жал, кај нас во нашата држава не е предвиден посебен буџет да се стимулираат младите научници да ги следат најновите иновации, трендови“, изјави проф. д-р Авзи Мустафа, добитник на наградата ,,22 Ноември“

Според Османи, не треба целата одговорност да се бара само во Министерството за образование и наука, туку и самите универзитети да најдат начин да одделат средства за да ги стимулираат младите луѓе да се посветат на наука.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе