Во време кога одредени соседи го негираат македонскиот јазик и идентитет важно е да се посочат и разоткријат конкретните примери за политички говор на омраза од страна на поранешните бугарски европратеници кои изобилуваат со навреди упатени кон македонскиот народ и иницираат нетрпеливост, дискриминација, па дури и повици за насилство, посочи во своето излагање професор Цветанова во рамки на работилницата на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“
Во рамките на овие политички говори на омраза се вклучени и одредени барања за историски ревизионизам, што значи дека историскиот ревизионизам е во суштина обид за манипулација со историските наративи при што се бара искривување или игнорирање на одредени историски факти како оние за негирањето на посебноста на македонскиот јазик и неговиот историски континуитет изјави проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ
Политичкиот говор на омраза може да се илустрира со најновото актуелизирање на македонското прашање, а со тоа и најновото оспорување на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и континуитет. Артикулирано на експлицитен начин во серија договори и други меѓународни акти кои добија поддршка и легитимитет од меѓународни кругови, па и од самата ЕУ за жал изјави акад Катица Ќулакова
Во контекст на европските вредности важно е да се посочи дека европскиот идентитет како политички концепт пред се се темели на основните европски принципи: слободата, човековите права и еднаквоста и отука може да кажеме дека политичкиот говор на омраза е антипод на европските вредности, вели Цветанова.
Отсуството на соодветен одговор кон земјите членки кои практикуваат говор на омраза во однос на македонскиот етнички, културен, јазичен и национален идентитет може да се сфати како премолчана толеранција на говор на омраза изјави проф. д-р Ганка Цветанова, Институт за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ
Според учесниците на оваа работилница во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ беше забележано дека е исклучително важно со научен пристап македонскиот јазик да се извлече од ненаучниот пристап при решавање на важни прашања.
Нина Стефанова